Петар Печков
Објавено: среда, 28 април 2021
Поместувањето во полицискиот час, предизвика поместување на возниот ред, почнувајќи од денес 28-ми април, со важност до 15-ти мај.
Промени има за тргнувањето на патничките возови кон Гевгелија, кои се враќаат во терминот, на важечкиот возен ред, од 12-ти декември. Од Скопје поаѓаат во 6,23 и во 16,55 а во правец кон Скопје се од железничка станица Велес, во 7,10 и 18,40
За Гевгелија од станица Велес 7,24 / 17,46 /
Од Гевгелија 5,30 / 16.55 /
Поместување има и во последниот патнички воз од Скопје кон Велес, кој е со поаѓање во 19,15ч.
Од Скопје за Велес остануваат во 05,30, 09:15 ч и во 13:20ч
Од Велес за Скопје првиот утрински е во 05:30ч и двата пладневни 12:10ч и во 14:24 ч.
Нема промени за патничкиот воз од и за Кочани.
За Кочани од Велес во 16,20 ч.
од Кочани за Велес во 5,26 ч.
Во правец од и кон Битола остануваат по два патнички воза.
Во правец на Битола од Скопје има два воза во 06:57 ч и во 14:30ч. Овие два воза на железничка станица во Велес во правец кон Битола се во 7:51 и во 15:25 ч.
Од Битола кон Скопје има два патнички воза во 05:30 ч и во 12:50 ч. на железничка станица во Велес во правец кон Скопје ќе бидат во 7:55 и во 15:24.
Tweet |