речник контакт

Помош за 13 семејства од Велес

Овој пат за самохрани мајки и многудетни семејства

Петар Печков

Црвениот крст и патронажната служба при ЈЗУ Здравствен дом од Велес, денес поделија помош  за 13 семејства.  Ова  заедничко дејствување за помош на ранливо население е да се помогне  од  студениот бран.

Млади волонтери на Општинскиот  Црвениот крст и вработени во патронажната служба посетија 13 семејства евидентирани во Центарот за социјална работа – Велес.  

Хуманитарната омошта овој  пат била за самохрани мајки со мали деца, многудетни семејства во неповолна материјална состојба во Велес и населбата Превалец, на кои итно им била итно потребна и  неопходна. Доделени биле прехранбени производи и ќебиња. Во средата беа доделени 18 пакети за стари и изнемоштени лица, 15 во Велес и 3 во село Ветерско. 

Во четвртокот  евакуирани биле две лица од село Оморани кои со заеднички активности на надлежните служби,  се пренесени во Медицински центар каде добиле прва помош, а потоа се згрижени во стан во Велес кои бил во нивна сопственост.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »