Петар Печков
Објавено: среда, 28 октомври 2020
Општинскиот Црвен крст од Велес ја започна поделбата на помошта која Германскиот Црвен крст ја подари а се состои од по 50 пакети со храна и хигиенски средства. Помошта која ја врачуваат волонтери, ова седмица се дистрибуира на социјално ранливи семејства во Велес и општините Градско и Чашка.
Во тек е распределбата на хуманитарни пакети со храна и хигиена за семејства кои се погодени од корона кризата и како и за стари и изнемоштени лица. Донацијата на оваа хуманитарна помош е од Германскиот Црвен крст - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Во Општинската организација во Велес добила по 50 пакети со прехранбени продукти и со средства за хигиена.
Tweet |