Петар Печков
Објавено: вторник, 15 март 2022
Донациите кои велешани ги дадоа за населението од војната зафатената Украина, веќе патуваат во оваа земја. Благодарност од 15-тината Украинки кои живеат во Велес, за поединците и фирмите кои несебично дадоа помош, кога е тешко и потребно.
„Заедно со другите донации ќе биде препратена во еден пограничен град –Чернивци“ соопштија од Здружението на украински граѓани „Лесја Украинка“ кое ја организираше акцијата. Таа беше поддржана од Општина Велес која даде просторија и од ОО на Црвен крст Велс, чии волонтери помагаа два дена при собирањето на доанциите.
Собрани се облека, храна, средства за хигиена, пелени, лекови, цигари како донациите на граѓаните на Велес на пунктот кој беше отворен во просториите на поранешното Кино 11 октомври за помош на граѓаните во Украина. Вкупно 33-ца граѓани и компании се одзваа на повикот и донираа на акцијата.
Помош собира и Повардарската Епархија на МПЦ-ОА. Таму е во текс со прибирање на потребни средства за братскиот украински народ во вид на прехранбени производи со подолг рок на траење, средства за хигиена, текстилни производи (ќебиња, постелнина, крпи, чорапи) и слично. Црквите каде може да се остават овие средства се:
Велес: Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“
Кавадарци: „Света Петка“ и „Св. вмч. Димитриј“
Неготино: „Св. Атанасиј“
Демир Капија: „Успение на Пресвета Богородица“
Гевгелија: „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Спас“
Валандово: „Св. вмч. Димитриј“
Богданци: „Св. Атанасиј“
Tweet |