речник контакт

Понеделник, 10-ти мај, прво авионско прскање против комарци годинава

Средството со кое ќе се прска, е одобрено од Министерството за здравство и до денеска не е забележано негово мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство

Петар Печков

Првото годинешно авионско третирање против комарци ќе се спроведе  понеделник на 10-ти мај, во временскиот период од 5 до 6,30 ч. најавија од Општина Велес.  Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, тоа  се одложува за наредниот ден, вторник 11-ти мај.  


„Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар езеро Младост со непосредната околина. По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот Друштво за авио услуги  ДООЕЛ „Бониер“, а надзорот го врши ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Велес. Третманот се врши со средство Ciceron 2.0 ulv, производ од BioGenesi - Белград, Србија кое   се разредува со растително масло“ - соопштија од локалната власт.


Границата, на третирањето е: езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна  и село  Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари.

 
„Се известуваат граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат по спроведувањето на третирањето. Избор на средството е поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите. Одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-110/2 од 07.03.2017 година и измена на решение број 19-188/1 од  7.02.2020 година“ - дополнија од Општина Велес. .

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »