Петар Печков
Објавено: среда, 04 ноември 2015
Понеделник вечер во 19ч. во салата на велешкиот театар гостување на ,,Balkan Dance project,,. Тоа е музичко сценски проект кој собра млади автори од различни држави, на основа на заедничкото наследство. Низ соработка и дијалог придонесуваат за ширење на новите текови на денешната култура и уметност. Во проектот учествуваат автори од Србија. Словенија, Хрватска и Македонија. Премиерата на овој современ танц настап е на 5-ти ноември во Велење во Словенија за потоа да се претстават во Велес, Скопје, Белград, Нови Сад..
Вообичаено не сакам да зборувам за својата работа, туку да и препуштам на публиката да влезе во мојот свет за да можат да уживаат и сами да ја создадат сопствената приказна, која ќе ги доведе до мојата визија, до тоа што јас сакам да го изразам. И овој пат креирав нова визија и нови зборови, кои ја кажуваат вистината за пет жени кои се полни со живот, емоции и енергија. Секоја жена има своја скриена приказна, која ќе ни ја раскаже на сопствен начин - објаснува Игор Киров кој заедно со Александра Илиќ од Србија го создаде ,,Балкан денс проџект,,.
Продукцијата е на Центар за култура Велење, Словенија. Кореографија на Александар Илиќ и Игор Киров. Настапуваат: Мојца Мајцен (Словенија), Петра Валентиќ (Хрватска), Андријана Данчевска (Македонија), Катерина Стојковиќ (Србија), Миона Петровиќ (Србија) и Дуња Костиќ (Србија).
Оваа кореографија е кратка, таинствена, чудесна фуга на смртта и младоста, реминисценција на познатата новела на Томас Ман „Смрт во Венеција“. Звукот кој го прати дејствието е ехо претворен во звук на посмртните ѕвона на некоја далечна потопена катедрала.
Претставатаа ќе се одржи по доделувањето на општинските признанија 9-ти ноември
Tweet |