Петар Печков
Објавено: петок, 22 октомври 2010
По повод одбележувањето на ЕВРОПСКИOT ДЕН НА ГРАЃАНСКА ПРАВДА што секоја година се одбележува во сите држави во Европа, а оваа година и во Република Македонија, на 25.10.2010 год. Основен суд Велес ќе биде отворен ден за граѓаните.
Целта на неговото одбележување е правдата да се доближи до граѓаните и „корисниците на правдата“ да бидат запознати со организацијата и функционирањето на судот, проширената надлежност на судот, на кој начин, каде и како можат да ги остварат своите права и интереси.
Tweet |