Петар Печков
Објавено: петок, 06 ноември 2026
Понеделник вечер Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Велес. Тој е дел од свеченостите за Денот на општината 9 Ноември. Закажан е за 20ч во салата на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Програмата со која Националниот џез оркестар ќе настапи во Велес е поделена на два дела. Во првиот ќе бидат изведени нумери од нивниот албум „Македонски сновиденија“. Во вториот ќе свират македонски евергрини а одделени песни ќе ги пее Светлана Јовановска. Влезот е бесплатен.
Ова е трет концерт на Националниот џез оркестар во Велес. Првиот беше на 23 април 2024 година кога го одржи концертот „Џез лектира“ посветен на творештвото на кралот на свингот Каунт Бејзи. Вториот беше на 23 ноември истата 2024 година, насловен „Crossover Stories” со авторска музика од македонскиот автор Владимир Николов, професор на Факултетот за музичка уметност во Белград.
| Tweet |




