речник контакт

Понеделник наутро авио прскање против комарци во Општина Чашка

Прскањето со широко појасен инсектицид ќе се врши од 5 до 8 часот

Петар Печков

Понеделник на  29-ти јуни во раните утрински часови - од 5 до 8  часот, на територијата на Општина Чашка, поради заштита од комарци ќе се врши авионска дезинсекција - прскање.

Авио-прскањето  ќе се изврши  на населените места и јавни површини, со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови- изјавија од Општина Чашка.
   
Со Авио-третманот ќе бидат опфатени следните населени места и јавни површини: течението на реките Тополка, Бабуна, Изворчица и Мелничка река, населените места - населба Чашка, Лисиче, Еловец - оризовите насади, Раковец - општинска депонија, Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Теово, населба Оморани, Мартолци, Извор, Мелница и Лисиче.

Во случај на промена на временски услови  -врнежи, ветер, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден во истиот временски период.

Се известуваат пчеларите, за време на прскање и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »