Петар Печков
Објавено: среда, 22 ноември 2023
Во Велес на локацијата Новачани пошумувањето ќе се одржи на 27 ноември. На оваа локација на површина од 33 хектари засадени ќе бидат 70 000 садници багрем, јавор и јасен, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучи здружението Мен енд маунтаин, кое е организатор.
Во ова акција Велес на пошумување на површините близу езеро Младост, според организаторот ќе учествуваат околу стотина волонтери од администрација на Општина Велес, ученици од неколку основни и средни училишта, Национални Шуми подружница Бабуна Велес, Црвен Крст Велес., како и гости од Пакомак, Пивара Скопје,Шпаркасе Банка, ЕВН, Костал, Бучим, Макстил.
Tweet |