Петар Печков
Објавено: вторник, 30 април 2024
Карамбол на автопатот близу Куманово, учествувале три возила. Меѓу учесниците и велешанец а едно лице се здобило и со тешки телесни повреди. Деталите од информацијата на МВР.
„На 29 април во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на село Романовце, кумановско, патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35 год) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33 год) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47 год) од Прилеп“- соопштија од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, чија истрага треба да ги открие причините за сообраќајката.
фото: интернет
Tweet |