речник контакт

Понуда за пречекот на Новата 2017-та година

Кој ќе пее и која е цената, по велешките локали. Најзвучно име се Куку Леле

Петар Печков

Богата понуда,  за дочекот на Новата 2017-та година, за сечиј вкус и сечиј џеб нудат велешките угостители.

Ресторан  Винарија ,, Стоби,,   дочекот е по цена од 2.100 денари со група Коштана.

Хотел Гарденија цената на дочекот е 1.990 денари а гостите ќе ги забавува група Соната со Катерина  Брезева.

Хотел Романтик за пречекот  нуди забава со групата Стакато бенд , по цена од 1.900 денари.

На бродот Панини цената е 1.500 денари и музика од Кајшар бенд.

Во ресторан Глориус цената е 1.600 денари  а гостите ќе ги забавува Фокус  бенд.

Во ресторан Аркадија цената на дочекот е 1.450 денари со музика од Нена Грумбаровски и Акорд бенд.

Во Розе сала гостите ќе ги забавува  група Виртус а цената на дочекот е 1.250 денари.

Во таверна Деспина Новата 2017-та ќе се дочека  со музиката на Динамико  бенд  а цената е 1.400 денари, додека во Националниот ресторан Илинден 903 цената е  1.050 ден.  пречекот ќе биде со  Мики-тра-ла-ла. 

На мотелот на Велешко цената е 1.100  денари а музиката е со група Слатка тајна.

Пречек има и во Мотел ресторан Џумајлија, каде гостите ги забавува Еуро бенд  а цената е 500 денари.

Пречек  има  во Авангард  каде е најзвучното име кое ќе гостува за Нова година во Велес, тоа е Куку Леле со цена од 900 до илјада денари.

Во ноќниот клуб Тарантино пречекот на Новата 2017-та ќе биде со Страна Б бенд а цената е 700 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »