речник контакт

Поп Ацев победи на првиот велешки пливачки маратон (фото)

На натпреварот во далечинско пливање учествуваа 50-тина пливачи во четири конкуренции, на 2,5 на 5 и 10 км и пионери кои пливаа на 2,5 км

Петар Печков

Евгениј Поп Ацев е победник на првиот натпревар во далечинско пливање, кој се одржа на велешкото езеро Младост. Тој патеката во должина од 10 км. ја преплива за 2 часа и 4 минути. Втор беше  Александар Илиевски а трет Илија Стојановски. 

Во женска конкуренција победи Елена Анастасова од ПК  Вардар од Скопје. На натпреварот учествуваа 50-тина пливачи кои пливаа во четири конкуренции, до 2,5 км, до 5 и 10 км. како и  пионери кои пливаа во должина до 2,5 км. Во оваа конкуренција најбрза беше  Марта Челиковска  14 годишната скопјанка, која досега пливала на 5 пливачка маратони.

Не беше тешко, но брановите ни создаваа проблеми. Тоа не успоруваше. Задоволна сум од испливаното  – рече Марта.  Победникот Поп Ацев, иако при пливањето на  езерото, имаше силен ветер, тој не  се жалеше на условите.

Сум пливал и на далеку потешки услови и бранови. Ова за мене беше еден тренинг пред  неделниот Охридски маратон – рече Евгениј Поп Ацев.

За малку временска разлика, триесетина секунди, зад него се пласираше клупскиот колега скопјанецот Илиевски од ПК ,,Студент,,. Кај жените на 10 км. втора беше Евита Насевска ПК „Бета“ од Скопје

На натпреварувањето имаше и неколкумина рекреативци, кој не ја пропуштија можноста  да  се докажат на велешкото езеро. Така меѓу нив беше и Французинката, која преку лето живее во Велес Лајла Лапартиен, која пливаше 2,5 км.

Организаторите група ентузијасти од Велес професорите по физичко воспитување Иле Попов и Петре Петрушевски, Општинската Организација на Црвен крст Велес и Кајак кану клубот „Бабуна” од Велес  задоволни  се од тоа како протече првиот маратон на велешкото езеро.

Организатор беа и  Пливачката Федерација на Македонија и ЈП за управување и заштита  на повеќе  наменски предели ,,Јасен,, кој ги обезбеди паричните награди. На 30 август трките во далечинско пливање  ќе продолжат на акумулацијата Козјак, а спортската манифестација ќе заврши на 17 септември со трки на Дојранското езеро.

Во трката на пет километри победи  Никола Василевски од „Орион“ од Скопје, втор беше неговиот клупски колега Михаил Трпчевски, а трет Марио Џуговски од ПК „Младост“ од Скопје. Кај жените на пет километри победи Ева Барамчева од ПК „Младост“ од Скопје, а втора беше Искра Стојановска од ПК „Бета“ од Скопје.

На 2,5 километри прв беше Давор Петрески од ПК „Орион“, втор Љупчо Домазетовски од ПК „Бета“  и трет Калач Вивит од истиот клуб. Во женска конкуренција победи Марта Челиковска од ПК „Орион“, нејзината клупска колешка Јана Серафимовска беше втора, а трета беше Бојана Стефановска од ПК „Бамбини“ од Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »