Петар Печков
Објавено: недела, 03 март 2013
Поплава имало и во 1916 година. За ова сведочат фотографиите во прилог. На едната дури, како разгледница ја испраќа германски војник, кој бил тука во Велес и му пишува на татко си.
Но еве два други записи во стари документи за поплава во Велес од 1850 и замрзнувањето на реката од 1833
Да се знае како во единаесеттиот ден во ноември, од многу дожд стана многу голем Вардарот и стори страшно потопување на стоката и многу куќи и дуќани се растурија, додека луѓето што беа во нив, поради милоста и благодатта на крстителот семоќниот Бог и Спасител наш, сите беа спасени и почит тие му одадоа поради своето спасение. Нека му е славата вечна, амин! Тоа се случи ноќе, во споменатиот погоре ден во 7 часот.
11 декември 1850, Георгиј Јанкович дидаскал, учител Никола Кристович.
Минеј од црквата „Св. Богородица“ во Велес.
Да се знае дека замрзна Вардар во 1833 година, на 25 декември, и држеше мраз 32 дена, така што одеа преку него луѓето сосе коњи.
Запис врз примерок од Огледало, сопственост на семејство од Велес.
Tweet |