Петар Печков
Објавено: среда, 21 јуни 2023
Попладнево во 16:57 ч. на Северната хемисфера на Земјата започна летото. Тоа ќе заврши петок на 23 септември во 8:23 ч. Летото ќе трае 93 дена, 15 ч и 52 минути и за утеха тоа е најдолгото годишно време.
Вечерва е најкратката ноќ. Сонцето во Велес изгреа 4:58 а ќе зајде во 20:10. Денот трае 912 минути или 15 часа и 12 минути а ноќта 8 и 48 минути. Денес на Јужната хемисфера на Земјата започна зимата.
Според AccuWeather на Балканот летово не` очекуваат врнежи и поплави, што според метеоролошкото лето кое започнува на 12 јуни и се случи. И секако толпи денови со просечно температури за ова годишно време.
На Балканот, невремето може да резултира со значителен ризик од поплави бидејќи врнежите се зголемуваат над историскиот просек за оваа сезона.
Tweet |