Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 февруари 2018
Во дербито на колото во Скопја, во салата Скендер Идризи, домаќинот Шкупи го победи тимот на КМФ Велес со 3:2.
Чаирчани првото полувреме го завршиле во нивна корист со водство од 1:0 а во второто имале и предност од 3:0 во 36-та минута. Во финишот, велешани играат без голман со шест играча во поле и преку Андов во 37 намалуваат на 3:1 а во 39-та со голот на Ранготов на 3:2. Но немаат време за пресврт и израмнување.
По ова 16-то коло, дојде до промена на лидерската позиција. Минатогодишниот шампион Шкупи е прв со 39 и два бода предност пред КМФ Велес кој е втор со 37 но со натпревар помалку.
Во следното коло велешани играат дома со екипата на Железарец која е четврта со 20 бодови. До крајот на овој дел од првенството играат со Мал Ајакс во Штип, кој е 8-ми од 9 екипи и со победа се враќаат на лидерската позиција.
Tweet |