Петар Печков
Објавено: среда, 22 ноември 2023
Од денес започна вакцинација против сезонски грип и во Здравствен дом Велес, Уред.. Наменети се за граѓаните кои што сакаат да се вакцинираат, а не се пријавиле или се уште не добиле термин во Центарот за јавно здравје. Станува збор за лица со хронични болести. Можат да се вакцинираат без термин во превентивната служба во Здравствениот дом секој работен ден од 8 до 12 часот.
Од Центарот за Јавно здравје претходно информираа дека имало голем интерес за вакцинација против сезонски грип. Сите термини до 4 декември биле пополнети. Во понеделникот добиле дополнителни 200 вакцини за лицата од ризичните групи. Претходно беа дистрибуирани две илјади вакцини. На располагање има и комерцијална вакцина, која чини 700 денари.
Новата пратка вакцини против сезонски грип се производство Јужна Кореја. Првите количества беа од Холандија
Tweet |