Петар Печков
Објавено: четврток, 16 август 2018
По бројните реакции на жителите на Којник и околните улици, оти половина ден биле без вода за пиење, ТрМр се обрати до ЈКП Дервен, од каде информираа дека се случила два последователни дефекти.
На ден 15.08.2018 година, Сектор Водовод работеше околу 12 часа на отстранување на два дефекта на водоводна линија на ул. Киро Зафиров (во месноста Теќе), предизвикани од пукната азбест цементна водоводна цевка.
Поправката на првиот дефект заврши околу 16 часот, по што се утврди уште еден дефект, за чие остранување беше потребно подолго време заради големата длабочина на која беше поставена цевката и потребата за отстранување на дебел слој на бетон од улицата за да може да се пристапи до оштетената цевка.
Вториот дефект беше отстранет околу полноќ, по што повторно беше воспоставено водоснабдувањето за жителите од овој реон. Напоменуваме дека работниците од Сектор Водовод работеа непрекинато 12 часа, се додека не беше целосно отстранет дефектот - одговрија од ЈКП Дервен.
Во врска со прашањето зошто не била донесена цистерна со вода за пиење,з а жителите од овој дел на градот, одговорот е следен:
Согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани води, давателот на услуги е должен да донесе цистерна со вода во случаи кога корисниците на услугата не можат да се снабдат со вода за пиење непрекинато над 12 часа, што не беше случај со вчерашниот дефект- соопштија од ЈКП Дервен.
фото:фејсбук
Tweet |