Петар Печков
Објавено: вторник, 04 мај 2021
Физикалното одделение од велешката Болница, кое беше ковид центар времено е ставено во мирување. Ова допаѓа откако во велешко драстично се намали бројот на лица кои се хоспитализирани во оваа здравствена институција. Тоа имаше капацитет од 24 кревети. Започна со работа на 8-ми април, а претходно истиот оддел работеше и во периодот ноември- декември лани.
„Поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, ковид центарот на Одделението за Физикална терапија од денес е ставен во времено мирување“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Позитивните случаи се примаат во Инфективното одделение и Модуларната Болница, кои имаат вкупно 101 кревет, додека сомнителните или негативните кои имаат здравствени проблеми се на Интерно одделение.
Tweet |