Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јуни 2020
Во текот на вчерашниот ден, 24 јуни, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети полицијата казнила вкупно 85 лица, и тоа, 50 во Велес, 23 во Кавадарци и 12 во Неготино, информираа од СВР Велес .
Вчера има 13 ново регистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, седум во Велес, едно во Кавадарци и пет во Неготино, а со Изјава за самоизолација има осум нови лица, шест во Велес и две во Неготино.
Вкупно со Решение во изолација има 153 лица, од кои 105 во Велес, 24 во Кавадарци и 24 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 130 лица, од нив 67 се во Велес, 49 во Кавадарци и 14 во Неготино.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.
Tweet |