Петар Печков
Објавено: вторник, 07 април 2020
Осетно е редуциран железничкиот патнички сообраќај, кој ќе се применува од утре, среда. Причината е зголемено времетраење на полициски час, кој ќе трае од 16 до 5 часот, а стапува на снага од утре, објаснуваат од МЖ АД Транспорт.
Кон Битола од Скопје ќе има патнички воз наутро во 6,57 а од Битола кон Скопје во 10,50, кон Гевгелија со поаѓање од Скопје во 6,23 а од Гевгелија кон Скопје во 11,30ч.
На релацијата Скопје - Велес ќе поаѓаат во 9,15, 12,40 а од Велес кон Скопје во 6,40, 11,30 и 13,44.
Од утре попладне нема да сообраќа патничкиот воз кон Кичево, од пред две седмици не сообраќаат ниту возовите кон Кочани и кон Куманово. Во викенд, сабота и недела нема да сообраќа ниту еден патнички воз.
Tweet |