Петар Печков
Објавено: петок, 23 јуни 2023
Поради ремонт на пруга, железничкиот сообраќај на релацијата Скопје - Велес - Скопје ќе биде затворен од понеделник 26 јуни до 10 јули. Во овој период нема да има сообраќај на патничките но и товарните возови во терминот од 8 до 14 часот.
„Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред“ соопштија од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Во пракса тоа значи дека патничкиот воз од Скопје кој за Велес поаѓа во 9:15 и 13:20 ч. како и тие од 12:10 и 14:25 ч. кои од Велес возат до Скопје, нема да сообраќаат.
Првиот патнички воз кој ќе сообраќа е тој од Скопје за Битола во 14:30ч и сите наредни ќе бидат во функција, исто како и утринските.
Во овој период од две седмици ќе се врши реконструкција, менување на прагови, шини на делницата Велес - Кадина река, каде што по констатирани неправилности во инфраструктурата, од 22 март, возовите возат со брзина од 20 км. на час.
Tweet |