речник контакт

Поради снег, железничкиот сообраќај беше во прекин 12 часа

Од пладне и патничкиот и товарниот сообраќај повторно е воспоставен

Петар Печков

Од ноќеска пред полноќ, до денес на пладне, железничкиот сообраќај во земјава беше во прекин. Сообраќаа само возовите кон Кичево и Куманово, сите останати, утринските кон Битола, Кочани, Гевгелија и Велес не тргнаа а кон Скопје од овие градови,   беа  сопрени на половина пат.

Така патничкиот од Гевгелија чекал во Градско, патничкиот од Битола чекал во Богомила а патничкиот од Кочани чекал на железничка станица Велес. Причина е снегот кој ја оштетил инсталацијата и го блокирал  свртниците.

Поради тежината  на снегот  оштетени се конекциските кабли -оптички и енергетски -изјави Хари  Локвенец, директор на ЈП МЖ Инфраструктура.  

Околу пладне дефектот бил  отстранет и по 12 часовна пауза, железничкиот сообраќај, патнички и товарен е повторно воспоставен, информираа од МЖ Инфраструктура. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »