Петар Печков
Објавено: четврток, 27 април 2023
Фудбалерите на ФК Борец на домашен терен со 0:3 (0:1) загубија од екипата на ФК Локомотива од Скопје, која е 12 пласирана од 16 екипи во оваа конкуренција.
Тоа беше 24 пораз за велешани во Втората лига и со само два нерешени натпреври, и исто толку освоени бода остануваат последни.
Во следното коло, в сабота ФК Борец гостува на екипата на ФК Каменица САСА во Македонска Каменица, која е 13 пласирана и се бори за опстанок во лигата.
До крајот на првенството има уште четири кола а ФК Борец е одамна веќе третолигаш.
Tweet |