Петар Печков
Објавено: четврток, 11 февруари 2021
Пораз во првиот четвртфинален натпревар во одбојкарскиот куп, за екипата на ОК Борец во Тетово. Тие се поразени со 3:2 од екипата на ОК Шкендија (17:25, 25:21, 25:18, 24:26, 15:9). Овој резултат им дава надеж на велешани дека со победа од 3:0 или 3:1 на реваншот, следната среда во Велес ќе се пласираат во полуфиналето. Овој викенд во првенствен натпревар, за разигрување за титулата, велешките одбојкари го пречекуваат ОК Универзитет Тетово.
Во заостанат натпревар од коло на Втората лига Исток, кошаркарите на КК Борец баскет се поеазени со високи 105:76 во Скопје од екипата на КК Феникс 2010. Веќе овој викенд велешките кошаркари го продолжуваат првенството во овој ранг натпевари, со гостување кај екипата на МКК Куманово, натпревар од 10-тото коло.
Tweet |