Петар Печков
Објавено: четврток, 09 мај 2013
Во дербито на третата лига Југ велешки Борец во 26-тото коло го претрпе првиот пораз, загуби со уверливи 3:0 од екипата на Кожуф на гостувањето во Гевгелија.
Со ова е прекината победничката серија од 25 кола без пораз и можноста да останат непоразени до крајот, со што би влегле во историјата на Македонскиот фудбал.
Велешани отпатуваа во Гевгелија со скрпен тим, откако најдобрите поради неисплатени обврски за подолг период, одбиле да играат.
Tweet |