Петар Печков
Објавено: вторник, 31 март 2026
Во дербито на колото на Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби загуби од актуелниот шампион КМФ Форца со 9:5 во Куманово. Играа второ и трето пласираниот тим на табелата а велешани ова е второ дерби која го губат, откако во претходното коло дома загубија од сега веќе идниот првак КМФ Проект од Јосифово. Велешани со најдобрите екипи во Македонија ФК Проект и КМФ Форца забележаа четири порази, но и натаму се втори на табелата со 29 бода еден повеќе до кумановци. Во следното коло дома играат со КМФ Клими од Кавадарци кој е 6-то пласиран со 20 бодови.
Утревечер во полуфиналето на Купот, во Велес, во салата Гемиџии КМФ Кеги моби го пречекува тимот на КМФ Јувентус серава од Скопје. Средбата се игра од 20ч. а победникот оди во финале. Велешани имаа среќа што го добија , според пласманот на табелата најслабиот од трите можни противници во 1/2 и играат дома. Во второто полуфинале вчерва во Гевгелија играат КМФ Проект и КМФ Клими.
Започна и пролетниот дел од првенството на Втората лига жени. ЖФК Борец загуби дома со високи 0:8 од ЖФК Конзули Јунајтед, лидер на табелата и повратник во Прва лига од есен. Во следното коло велешанки играат дерби на дното со ЖФК Плачковица во Радовиш, и двете екипи имаат по една победа и три бода.
фото архива ТрМр
| Tweet |




