Петар Печков
Објавено: четврток, 30 март 2023
Повеќе од два часа траеше дербито на претпоследното коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига. Драмата во салата Гемиџии, заврши лошо за домаќините, одбојкарите на ГОК Борец. Тие се поразени од ОК Шкендија со 2:3 (21:25, 25:21, 27:29, 25:13, 9:15).
Клучен беше третиот сет, кој гостите од Тетово го добија на разлика откако се играло поен за поен. По овој резултата сигурно е дека ГОК Борец ќе биде трет на табелата а викендов играат со ОК Работнички, во последното коло. Веќе од наредната среда, започнува разигрувањето а во плеј-офот велешани ќе играат со ОК Шкендија.
Се игра на две победи, со тоа што тетовци ќе имаат предност ако е потребно да се игра трет меч, ќе бидат домаќини.
Tweet |