Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 мај 2022
Со убедливи 0:5 (0:3) во дербито на колото екипата на ФК Превалец загуби од лидерот ФК Вардар во Неготино. По овој пораз превалчани остануваат на второто место, со цел да го сочуваат. До крајот остануваат уште 5 кола.
Ракометарите на РК Борец загубија во последниот натпревар од разигрувањето за опстанок во Првата лига. Загубија во Штип од екипата на РК Текстилец со 30:26 (14:13). домаќините постојано во водство во сите 60 минути. По ова кола првенството заврши а велешани се најдоа на 4-тото место со 25 бодови.
Завршија и натпреварите на Првата женска фудбалска лига. Во Скопје, против истоимената екипа која е четврто пласирана, ЖФК Борец славеше со 4:3. По одиграни 22 кола велешанки го завршија првенството на 6-то место со 39 бодови а најавуваат борба за шампионската титула.
Tweet |