речник контакт

Пораз во дербито на одбојкарското првенство за ГОК Борец во Штип, сетовите загубени на разлика

Победа за одбојкарките на ОК Борец во дербито на Втората лига, пораз за ОК Виола волеј

Петар Печков

Спортскиот викенд зад нас активни само одбојкар(к)ите. Забележаа една победа-  ОК Борец жени и два порази ОК Борец мажи и ОК Виола волеј.

Во дербито на колото, во разигрувањето во Штип против ОК Штип УГД тесен пораз за велешани 3:1 . Сите три изгубени сета се на разлика (26:24, 25:23, 25:23)  а третиот кој го добија одбојкарите на ОК Борец е со 25:15:  Израмнет натпревар на прво и второ пласираниот тима од табелата, во кој нијансите решавале за победникот. По ова коло Борец останува второ пласиран со 35 бода а во следното коло ново дерби гостува во Велес ланскиот шампион ОК Струмица кој е третопласиран со 34 бода.

Победа во 17 коло на Втората одбојкарска лига жени за ОК Борец на домашен терен. Со максимални 3:0 совладана е трето пласираната екипа на ОК Ново село (18,15,17). Тоа беше дерби во оваа конкуренција на 4-то и петто пласираната екипа и со победата велешанки сега се 4-ти со  29 бода.  Пораз за одбојкарките на ОК Виола волеј во Скопје од второпласираниот ОК Вардар со уверливи 0:3 (14,7,13).  Велешанки остануваат 9-ти од 12 екипи со 17 бода.  Во следното коло ОК Виола волеј повторно гостува, повторно во Скопје, овој пат над последно пласираниот тим на ОК Шкупи кој има една и тоа административна победа.  ОК Борец се слободни, оти противникот ОК Македонија макс се откажа од натпреварите пред почетокот на првенството.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »