Петар Печков
Објавено: четврток, 18 март 2010
Во неизвесен натпревар од полуфиналето на купот на Македонија, одбојкарките на Работнички неочекувано славеа со 3:1, по сетови 23:25, 25:12, 25:20, 25:20. Велешанки добро започнаа поведоа со 1:0, а вториот сет гостинките израмнија на 1:1.
Во третиот сет домаќинките имаа предност и водеа се до 15:14, кога скопјанки направија серија 6:0, и пресврт што беше доволно за да поведат со 2:1 во сетови. Четвртиот сет гостинките со сигурна игра го добија за конечни 3:1 и голема радост за победата и пласманот во финалето и максимално ја искористија промената на играчкиот кадар кај Форшпед на полусезноата.
Во финалето Работнички најверојатно ќе се сретнат со најдобрата женска екипа во земјава моментално, Форца Волеј која е апсолутен фаворит против тетовски Бами Кор. Овој натпревар ќе остане повторно во сеќавање на еден неспортски инцидент, надвор од теренот. Утрото пред да се одигра куп срдбата, раководството на велешанки непријатно било изненадено кога забележало дека металните држачи за мрежите на столбовите во спортската сала на ОУ Блаже Конески, биле пресечени.
Во текот на ноќта непознат сторител ги пресекол и доколку навреме не се откриело, куп натпреварот против Работнички немаше да се одигра и ќе беше службено регистриран за гостинките. За потсетување пред еден месец непознат сторител ги издупи сите 15 топки на женската одбојкарска екипа.
Tweet |