Петар Печков
Објавено: недела, 16 октомври 2022
Во третото коло од Првата футсал лига, велешки КМФ Кеги Моби загуби со 5:3 ма Чаир во Скопје од екипата на КМФ Арбен Бајрами,која е освојувач на Купот од минатата сезона. Ова е втор пораз за велешкиот прволигаш, кој од оваа сезона повторно игра во најквалитетното футсал друштво.
Во Втората фудбалска лига, екипата на ФК Борец во осмото коло, загуби во Радовиш од четврто пласираната екипа на табелата, екипата на ФК Детонит Плачковица со 1:0, гол примен во 51` минута. Ова е најскромниот пораз за велешани во оваа конкуренција есенва. По ова седмо коло велешани се без освен бод, поседни. Во следното коло, следниот викенд во Велес гостува екипата на ФК Пелистер, која е петто пласирана.
Во Третата фудбалска лига Југ се одигра седмото коло, победа и пораз за екипите од ОФС Велес. Во Канатларци прилепско, победа со дури 10:0 (5:0) за ФК Превалец против истоимениот домашен тим ФК Канатларци, кој е деветто пласиран со само два бода. По ова коло и лошиот старт, превалчани се искачија на второто место со 16 освоени бода
Во прилепско Лажани ФК Локомотива од Градско загуби со 1:0 во прилепско Лажани, од екипата на ФК Слога, која беше 6-то пласирана. ФК Локомотива по ова коло остана 8 пласирана со 8 освоени бода.
Следното коло, следниот викенд ФК Превалец игра дома со ФК Обршани кој има само три бода и е 9-то место, додека ФК Локомотива повторно гостува, овој пат во Крушево против екипата на ФК Бучин која исто тка има само една победа и три бода и е 10-та.
Tweet |