Петар Печков
Објавено: четврток, 24 октомври 2019
Стадион Тоше Проески судија Ставрев Скопје
стрелци: Аврамовски 3 мин. Адем 71 мин.
ФК Вардар: Гачевски, Адем, Аврамовски (ж), Брдаровски, Цветановски , Мицевски, Најдовски, Новак, Попзлатанов, Серафимов (ж), Тошевски играа и Колевски, Димовски, Велковски
ФК Борец: Мустафа, Абаз, Ефтимов, Христов (ж), Коцев, Пеев, Прелчец, Ристовски (ж), Стоименовски (ж), Стојковски (ж), Трајановски играа и Николовски, Петров, Георгиев(ж)
Лидерот на табелата, скопски ФК Вардар го совлада велешки ФК Борец 1919 со 2:0 , полувреме 1:0 во 11-тото коло од Првата фудбалска лига. До победата домаќинот дојде со раниот гол, уште во третата минута на Аврамовски и на Адем во 71-ва. ФК Борец, пред да биде поставен конечниот резултат преку Христов во 68 и Пеев со 69-та минута со удри од 16-тна метри можеа да израмнат, но тие не беа прецизни. Во контра домаќинот казнува со гол и за три бода. По ова кола велешани останаа на 9-тото место со 11 бода, ситe освоени на домашен терен.
В недела ново сериозно искушение за фудбалерите на ФК Борец кој го пречекуваат новиот лидер на табелата струмички ФК Академија Пандев, кој со убедливата победа од 4:0 над ФК Македонија ЃП и подобрата гол разлика, е прв а со ист број бодови како и ФК Вардар. Натпреварот започнува во 13,30 ч.
Tweet |