речник контакт

Пораз за ФК Борец на Чаир во Скопје

Со триесетина учесници нa езеро Младост cе одржа осмиот по ред пливачки маратон. Во Втората лига Исток, неочекувано првиот бод на гостувањето во Кочани го освои ФК Локомотива од Градско

Петар Печков

Од десет постигнати гола во денешното шесто коло на Првата фудбалска лига, три завршија во мрежата на велешки ФК Борец. Со ова велешани загубија на гостувањето во Скопје на Чаир, против екипата на ФК Шкупи, која е трето пласирана.

Отпорот на гостите беше скршен уште во 5-ата минута со голот на Цветановски, во судиското продолжение од првото полувреме преку  нигериецот Сандеј Адетунџи зголемен беше резултатот на 2:0. Истиот играч во 67-та постигна гол за високи 3:0, иако во првиот дел од второ полувреме велешани имаа игра и напади за гол, но без реализација.

По ова шесто коло ФК Борец падна за едно место на  табелата, на деветтото остана со седум бода. Следното коло, в недела во Велес гостува новакот во ова друштво екипата на ФК Скопје која е за едно место пониско пласирана  од ФК Борец, 10-та со пет бода.  

Во четвртото коло од Втората лига Исток, фк Локомотива од Градско и го освои првиот бод во ова друштво., (не)очекувано  одигра нерешено во Кочани со екипата на ФК Осогово  2:2 а израмнувачкито гол е постигнат во судиското продолжение 93-та минута.  По ова коло ФК Локомотива е 8-ма од десет екипи со еден освоен бод. Во следното коло во сабота во Градско гостува последно пласираната екипа на ФК Братство 07 од прилепско Житоше, која како и домаќинот има еден бод.

Денес, недела на велешкиот езеро Младост е пливаше осмиот по ред пливачки маратон, со скромно учество од 30-тина пливачи, кои пливаа во четири категории. Во најинтересната во  трката на пет км. победи  Евгениј Поп Ацев,  пред  Александар Илиевски, и тие двајцата беа единствени учесници во ова трка.  Маратонот не беше дел од Купот во далечинско пливање на Пливачката федерација на Македонија.  Организатор на маратонот беше Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »