Петар Печков
Објавено: среда, 03 ноември 2021
Во дербито на четвртото коло на Првата лига, велешкиот женски фудбалски клуб ЖФК Борец загуби дома на Градски, од екипата на ЖФК Тиверија од Струмица. Гостинките и велешанки беа без пораз, при врвот на табелата.
Струмичанки поведоа со 0:2, домаќинките намалија на 1:2 а за потоа да примат уште еден гол а до крајот на средбата фудбалерките на ЖФК Борец успеаја да намалат на 2:3 но не направија и пресврт. По овој пораз дома, ЖФК Борец падна на петтото место со 7 бода.
Во следното коло велешанки играат со екипата на ЖФК Шкендија во Тетово, која има три бода од четири натпревари и е 9-то пласирана.
Tweet |