Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 декември 2014
Слабата спортска понуда на кројот од годинава ја пополнуваат кошаркарите на Борец Баскет. Тие како членови на Втората лига играа променливо, дома победуваат, на гости губат.
Така беше и во осмото коло, кога на гостувањето во Радовиш, кај истоимената екипа, велешките кошаркари се поразени со 75:67. По ова коло, Борец баскет е во средината на табелата со 4 победи и исто толку прози.
Наредното коло велешани се слободни а на 24 дома ја пречекуваат екипата на Шкупи од скопски Чаир.
Tweet |