Петар Печков
Објавено: сабота, 30 април 2022
Ќе се игра мајсторка во Велес за влез во Првата кошаркарска лига. Во Скопје, на Чаир велешкиот второлигаш КК Борец баскет загуби од Шкупи со 90:70. Серијата е изедначена 1:1, во среда ќе се решава патникот во полуфинале, во салата Гемиџии, пред домашна публика Ова е прв пораз за велешани по 14 одиграни натпревари.
Во 24-тото коло од Втората фудбалска лига исток, фенерџијата ФК Локомотива Градско загуби со 4.0 од екипата на РК Дентонит јуниор во Радовиш. Важни бодови во борбата за опстанок , лесно освои домаќинот. Во следното коло во Градско гостува претпоследната екипа,ФК Братство 07 која како и локосите ја напуштаат лигата, па тоа е можност за втора радост за екипата на ФК Локомотива.
Во натпревар од Третата фудбалска лига Југ, екипата на ФК Превалец славеше дома
конечен резултат 4:2, полувреме 0:1 против екипа на ФК Ново Црнилиште, која е петто пласирана. По ова 13 коло екипата на ФК Превалец останува на второто место а во следното коло гостува во прилепско Обршани кај истоимената екипа која е 10-то пласирана од 13 екипи.
Tweet |