Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 декември 2020
Пораз за одбојкарите на ГОК Борец во првото коло од разигрувањето за титулата првак. тие во Струмица загубија со максимални 3:0 ( 15, 20, 17) од екипата на ОК Струмица ЏИО. Домаќините кои се прв фаворите за освојување на шампионатот, лесно стигнаа од победата. Првенството продолжува во месец февруари.
Во Првата фустал лига реми и пораз за двете велешки екипи. КМФ Кеги моби дома одигра 3:3 со екипата на КМФ Црна река. КМФ Велес е поразен од КМФ Проект Цико дома со 4:7. По девет кола КМФ Кеги моби е седми со девет бода а КМФ Велес е деветти, со шест бода, на табелата од 12 екипи. Во следното коло кое се игра в среда КМФ Велес гостува на КМФ Црна река во Кавадарци а КМФ Кеги моби игра со КМФ Астибо во Штип.
Во Втората кошаркарска лига Исток, втор по ред одложен натпревар на КК Борец баскет. Требаше да играат со КК Пробаскет. За в сабота е предвидена средба во Чаир во Скопје со КК Шкупи.
Tweet |