Петар Печков
Објавено: четврток, 10 ноември 2022
Пораз во израмнета натпревар за одбојкарите на ГОК Борец во Тетово, од екипата на ОК Шкендија со 3:1 ( 24:26, 26:24, 25:23, 25:23) . Велешани има за што да жалат бидејќи во вотирот сет имале три сет топки 22:24, но не успеале да стигнат до 25 поен а се жалат дека кога и бил освоен судијата несфатливо досудил мрежа од смечерот и досудил поен за домаќините. Во двата преостанатите сета се играло на разлика а тетовци биле поконцентрирани и победиле. По ова петто коло ГОК Борец има две победи и два порази. В сабота во шестото коло играа дома против екипата на ОК Петровец (поранешен ОК Вардар). Првата лига брои 11 екипи и се играат исто толку кола.
ГОК Борец се засили со интернационалец, со Украинецот Роман Волков кој игра на позицијата 4 и треба да ги засили редовите пред значајните средби, во кои ќе се решава пласманот меѓу првите шест екипи и разигрувањето, каде учесници беа и лани.
Tweet |