Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 декември 2012
Во дерби натпреварот од првата женска одбојкарска лига во салата Гемиџии Форшпед дома е поразен од скопска Форца . Форшпед - Форца Волеј 1:3 (22:25, 26:28, 25:23, 13:25). По седум одиграни кола Форшпед е четврти до четири победи и три порази. Женската екипа на Борец Брако загуби во Скопје од Работнички. Работнички - Борец Брако 3:0 (25:14, 25:15, 25:22). Тие со една победа од шест одиграни натпревари се шести, во лигата која бори осум екипи.
Во машка конкуренција Борец победи во Куманово, за трета победа од шест натпревари. Куманово - Борец Брако 0:3 (22:25, 20:25, 15:25). По седум кола велешани се петти во лигата која бори девет екипи.
Ракометарите на Борец веќе не се членови ан Супер лигата. Ракометната федерација ја исклучи екипата откако таа не одигра три средби, сите на домашен терен и Борец е префрлен во Првата лига. Со тоа се стави крај на мачната атмосфера во клубот, кој во елитното натпреварување настапуваше со младинска екипа и бележеше порази со по 20 и кусур гола разлика а на домашен терен мака мачеше да обезбеди средства за да се платат судиите.
Tweet |