Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 октомври 2015
Неуспешен спортски викенд за велешките екипи. Ракометарите на ГРК во третото коло на Супер лигата, на гостувањето во Скопје се поразени од екипата на Пролет 62 со 22:17, полувреме 12 :6. Решавачки за загубениот натпревар се последните 12 минути од првото полувреме, кога домаќините по водството од 7:6 постигнаа 5 а не примија ниту еден гол. Обидите на велешани да ја намалат разликата во второто полувреме, не дадоа резултат.
Напротив голманот на Пролет, Кимевски одбрани 5 од 11-те удари од 7 метри. Најефикасни кај домаќините беа Стојановски со 5 и по 3 Икономов и Петровски а во второто полувреме 7 одбрани имаше голманот Огнен Трајковски. По три кола Борец е трет а веќе в среда игра со екипата на Вардар Јуниор во Велес, во салата Гемиџии со почеток во 18ч.
Во првата футсал лига екипата на Велес гостуваше во Скопје каде загуби со 6:4 од Јувенетус Серава.
Во третата лига Југ двете велешки екипи играа дома. Превалец победи против Младост од Удово со 3:1 додека Борец загуби од Победа од Валандово со 2:0 иако гостите играа со играч помалку. По ова шесто коло Превалец е четврти со 11 бода и гол разлика 10:6, додека Борец 1919 е 7-ми со 8 бода. Во наредното седмо коло Превалец гостува во Кавадарци на екипата на Тиквеш 2014 која е шести со 10 бодови а Борец 1919 гостува поселдно пласираниот Големо Коњари.
Tweet |