речник контакт

Пораз за фудбалерите, стартуваше и одбојката

Дветe одбојкарски екипи машката на Борец и женската на Форшпед не се натпреваруваат. Продолжува падот на табелата на фудбалерите

Петар Печков

 Нов пораз за велешкиот фудбалски второлигаш Борец. На домашен терен загубија од лидерот Силекс со 3:1, во натпревар  кој сами си го прогласија за дерби, иако според пласманот тоа не беше. Борец со играч помалку од 20-тата минтуа, забележа пораз од кратовчани. По ова 11-то коло продолжува паѓањето на табелата на Борец, кој сега стигна до  12-тото место од 16 екипи, со 12 освоени бодови.  

Конечно започна и одбојкарското првенство, каде игра само женската екипа на Борец. Таа во Скопје загуби од Работнички со максимални 3:0. Минатата сезона Велес имаше дури три прволигашки екипи, две во женска и една во машка. Но годнава женската на Форшпед и машката на Борец не се натпреваруваат. Причина беспарицата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »