речник контакт

Пораз за фудбалерите на Борец во Скопје, иако поведоа против Македонија ЃП

По пет кола ФК Борец 1919 е осми од десет екипи, со четири освоени бода

Петар Печков

Македонија Ѓ.П. : Јовановски, Јовановски, Личина, Божиновски (ж), Пецов, Дамир (ж), Филиповски, Воша, Ермедин, Сефер (ж), Карваљо

 ФК Борец 1919: Мустафа, Пеев (ж), Блажевски, Стојковски, Коцев, Прелчец, Николовски, Петров, Ефтимов, Христов, Ристовски, играше и Абаз

стрелци: Карваљо 39, Блажевски 72 (од пенал) и Демир 92 за Македонија Ѓ.П. и  Прелчец за Борец 4 мин

судија: Јовчевски Тетово 

Во петтото коло на Првата фудбалска лига, новакот во ова друштво, велешки Борец тргна одлично на стадионот Ѓорче Петров и уште во четвртата минута поведе со голот на хрватскиот интернационалец Прелчец.  Домаќините, кои се втори на табелата,  во  39 преку Бразилецот Карваљо израмнуваат. Поведуваат во 72 од пенал, за кој фудбалерите на Борец сметаат дека прекршокот е надвор од 16 метри. Блажевски го реализира ударот од 11м. а во судиското продолжение со голот на Демир , Македонија Ѓ.П. има победа од 3:1. Стрелци на овие два гола се ,,резервисти,, фудбалери на Македонија Ѓ.П. кои влегоа во игра во вторите 45 минути. 

По пет коло ФК Борец 1919 е осми од десет екипи со 4 бода. Веќе в среда во шестото коло гостува во Кратово на Силекс, кој е деветти со бод помалку. А сабота дома го пречекува тимот на Работнички до Скопје кој е последно пласиран.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »