Петар Печков
Објавено: вторник, 03 април 2018
Фудбалерките на ЖФК Борец се враќаат поразени од Битола, каде загубија со 3:2 од екипата на Атлетико. Домаќинките кои се петти стигнаа до победа а велешанки и покрај поазот остнаа на 3-тото емсто со 25 бдоа по 13 натпревари. Во следниот викенд играат дома со претпоследниот тим на табелата Каменица Саса која има две победи и седум бода.
Одбојкaрите на ГОК Борец загубија повторно во тај брек, со 3:2 и овој пат од студентска екипа, но сега на Тетовски Универзитет. ( 22, -23, -23, 12, 12). Како и пред седум дена, кога славееа студентите од Штип, и тетовчани имаа две победи оваа им е трета. Велешани остануваат четврти и покрај поразот добија еден бод па сега имаат 24. За потсетување во есенскиот ден велешани ги преслушаа двете студенески екипи максимално со по 3:0. Во следното коло дома го пречекуваат скопски Вардар кој е второпласиран.
Пораз забележаа и кошаркарите на Борец баскет во Куманово каде загубија од екипата на Пинк Пантери со 85:73 . Домаќините кои се четврти стигнаа до 11-тата победа. Велешани останаа на 8 победи и 24 бода. Во следното коло , кое се игра за две седмици играат со седмопласиранито тоа е Баскет Кам во Македонска Каменица.
ФФМ го обајви распроедот за третиот круг од Втората лига Исток, во кој ќе се играат дополнителни 9 кола. ФК Борец 1919 кој по 18 кола го освои 3-тото место, во април игра пет натпревари во ритам сабота - вторник . Започнува дома со Осогово на 7-ми април, на 14-ти гостува во Валандово на Победа, па на 17-ти април е слободен, за на 21-ви игра во Кавадарци со Тиквеш 1930, на 24-ти го пречекува Кожуф од Гевгелија. И на 28-ми игра повторно дома, овој пат со Плачковица од Радовиш. Разрешницата е во месец мај. На 5-ти Борец гостува во Штип на Брегалнциа а на 12-ти мај ја пречекува Беласица од Струмица. За крај на 19-ти игра во Македонска Каменица со екипата на Саса.
Tweet |