речник контакт

Пораз на домашен терен за фудбалерите на ФК Борец

ФК Борец 1919 - ФК Струга ТЉ 0:1 (0:0)

Петар Печков

Градски Стадион Зоран Паунов   во Велес

судија: Стојанче Трпковски - Кавадарци  
 
стрелец:  Меќиновиќ (ФК СТЉ) 48 мин

картони: жолт  Стоименовски (ФК Б)

ФК Борец 1919: Ефремов, Баша, Ефтимов, Ѓоргиев, Коцев, Мишевски, Омерагиќ, Османовски,  Ристовски, Стоименовски, Трајков  

ФК Струга ТЉ: Мирселоски, Алтипармаковски, Босанќиќ, Цаке, Јахја, Меќиновиќ, Миленковски, Рамадани, Ристевски, Шкендери, Таири

Втор последователен пораз за велешкиот прволигаш, откако со 0:1 загуби дома од екипата на ФК Струга ТЉ. Одлучувачкиот гол го постигна Меќиновиќ во  48-та минута, откако домашната одбрана беше заспана па гостинскиот фудбалер беше највисок во скокот и ја пласираше топката во мрежата.  Велешани и немаа шанси заради кои може да тагуваат дека загубија.

Иако и по овој пораз велешани останаа шести на табелата со 33 бода и со победа ќе имаа бодовно салдо, кое значеше мирен тек на првенството, бодовната разлика со пониско пласирани е намалена а за фудбалерите ан ФК Борец следат три тешки натпревари, со трите најдобро пласирани екипи. В среда гостува на трето пласираната ФК Македонија ЃП, па во Велес доаѓа второпласираниот  ФК Шкупи и гостување кај лидерот ФК Шкендија во Тетово. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »