речник контакт

Пораз на ракометите на Борец во Прилеп

Велешани настапија со младинската екипа, Николов постигна 14 гола

Петар Печков

Пораз за ракометарите на ГРК Борец на гостувањето во Прилеп. Од истоимената екипа загубија со 29:24 (15:12).  Ова беше натпревар од  11-тото коло.  

Во првите  15 минути  на  првото полувреме се води рамноправна борба а домаќините по 7:7 прават серија од  6:2 и поведуваат со 13:9, која предност ја задржуваат на полувреме.  

Во 40-та минута велешани се закануваат на 20:19, но повторно ракометарите на Прилеп имаат серија  од 6:1 и водство до 26:20, кое го задржуваат до крајот за победа и три бода.

За екипата на Борец настапија младите ракометари  а за одбележување е што Николов Филип постигна дури 14 гола.  По ова коло екипата на ГРК Борец е   седма со 10 бода.  

Во следното коло, в сабота велешани во салата Гемиџии ја пречекуваат екипата на Пелистер, која е лидер на табелата во Супер лигата. 

фото: архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »