Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 декември 2023
Пораз за одбојкарите на ОК Борец во претпоследното 10 коло од Првата лига. Во Пробиштип се поразени со 1:3 од екипата на ОК Весна (25:19, 25: 20, 23: 25, 25 :18) Во ова велешани имаат скор до 4 победи и шест порази. Во последното коло играат дома со екипата на ОК Струмица, која е лидер и досега нема пораз. Но познато е дека напролет велешани ќе играат во разигрувањето за опстанок во лигата, каде ќе настапуваат шест екипи.
Во претпоследното коло од Втората кошаркарска лига, во Велес, во салата Гемиџии, КК Борец загуби од КК Шкупи , 60:68 (30:35) екипа аспирант за врвот. Екипата од Чаир имаше одличен почеток во првите осум минути, избраниците на тренерот Тони Симиќ направија високи (22:4). И како да се задоволија со таа висока позитива гостите од Скопје. Момент кој велешани знаеја да го искористат. Во финишот дури и да се заканат сериозно, но останаа без оној завршен удар за пресврт и во резултатот. Во последното есенско коло велешани гостуваат во Тетово на екипата на КК Тетекс, која е претпоследна со една победа.
Се одиграа и елиминациите од Купот на Македонија во ракомет. Двете велешки екипи беа поразени и се простија од натамошните настапи. МКР Борец загуби од РК Пролет 24:48 (4:11) додека РК Бисинов од РК Мулти есенс од Скопје со 21:39 (9:24).
фото Орце Несторов
Tweet |