Петар Печков
Објавено: вторник, 09 април 2013
Во женската одбојка започна разигрувањето за титулата првак, а велешанки во првиот полуфинален натпревар загубија во Струмица. Македонија Макс победи тесно со 3:2 (16:25, 25:23, 25:10, 19:25, 15:11) и поведе со еден нула, вториот натпревар се игра в сабота во Велес. Се игра на два добиени а евентуалниот трет ќе се игра на теренот на противникот во Струмица. Во машка конкуренција во последното коло Борец Брако загуби на домашен терен од Лирија со максимални 0:3 (21:25, 15:25, 16:25). Со ова тие го завршија настапот во првенството на шестото место од девет екипи со шест победи и 16 бода.
Фудбалерите на Борец во Третата лига , како гости го растурија тимот на Росоман со високи 5:0 и се зацврстија на првото место во оваа конкуренција, очекувајќи го баражот за пласман во Втората лига.
Tweet |