речник контакт

Порази за фудбалерите, фудбалерките и одбојкарите

Лоши резултати на дел од велешките екипи викендов

Петар Печков

Пораз за фудбалерите на ФК Борец на домашен терен од 2:4 (2.2) од екипата на ФК Арсими од Боговиње. Велешани дури и поведоа во 45 минута со 2:1, гостите израмнија во судиското продолжение а во второто домашните примија два гола и загубија од 10-то пласираниот тим на табелата. Остануваат последни со два бода. Следното коло се игра на 1 април, поради настапите на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕП.

Пораз и за одбојкарите на ГОК Борец во Струмица од лидерот ОК Струмица со 3:1 (25; -22; 14; 20). Велeшани дадоа сериозен отпор во првите два сета, со тоа што вториот го добија а првиот загубија на разлика. Во третиот имаа лоша игра а во четвртиот се закануваа, но не и успеаја да направат пресврт. Остануваат трети, со тоа што во следното коло, кое се игра на 29 март, ја пречекуваат екипата на ОК Шкендија од Тетово,. Тоа ќе биде дерби за второто место на табелата.   

Фудбалерките на ЖФК Борец во 15 коло од Првата лига, во Дојран загубија од ЖФК Истатов со 0:8 (0:3). Домаќинките кои се 7 со 15 года, лесно стигнаа од нови три бода. Велешанки остануваат на 10 место со 3 бода. Во следното коло, дербито на дното и шанса да се обезбеди опстанок со победа над екипата на ЖФК Шкендија, која е деветта со бод повеќе од велешанки.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »