Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 март 2016
Неуспешен спортски викенд за екипите од Велес, кои настапуваат во Првите лиги. Ракометарите на ГРК Борец на домашен терен очекувано загубија од лидерот Металург со 29:24, полувреме 16:11. Скопјани се убедливо поквалитетен тим, кој нема загубен бод што го покажа на теренот.
Најефикасни во редовите на Борец беа Лазаровски со 6 и Кире Мачавелов 5, Органџиев 4 гола. По овој пораз и 16 одиграни кола Борец е претпоследен со 16 бодови. Во следното коло, велешани гостуваат на соседот од табелата Радовиш.
Фудбалерите на футсал екипата на Велес, се проазени дома од лидерот Железарец со високи 6:0, полувремето заврши без голови.За потсетување, пред три седмици Велес го изненади Железарец во Скопје и му одзема бод, што е единствен нерешен резултат на скопјани.
По ова 20-то коло Велес и натаму е 6-ти со 24 бодови а во наредното коло гостува во Тетово на СЕЕУ, екипа која како и велешани се бори да го избегне претпоследното место кое води во разигурвање за опстанок.
Фудбалерките на Борец на гостувањето во Кочани поразени се од истоимената екипа, која е второпласирана, со високи 7:0, полувреме 3:0.
Така по 12 кола Борец е седми со 10 бодови. Во наредното коло дома, в сабота Борец игра со струшката екипа на АС Јунајтед, која е едно место повисоко пласирана.
фото: komarec.com.mk zelezarec.com.mk
Tweet |